Профил на компанијата За нас...

Друштвото за сметководствени услуги и даночно советување Ревикон Консалтинг СЕЕ ДООЕЛ Скопје стои на располагање на заинтересираните клиенти за услуги и контакти со деловни партнери од Регионот во сферата на сметководството, финансиите и бизнисот.

 

Нашиот стратешки партнер Ревикон ДОО БИХ располага со значителен број на постојано вработени експерти, на чии знаења, услуги и поддршка се потпираме во секој момент. Во над дваесетгодишното постоење Ревикон ДОО БИХ има одржано преку 1.000 семинари, симпозиуми и советувања, со преку 100.000 учесници, на локално и регионално ниво. Ревикон ДОО БИХ континуирано издава стручен магазин Даночен советник, а од 1998 година има издадено преку 100 изворни изданија, преводи на книги, зборници на трудови и брошури.

 

 

Располагаме со постојано вработени експерти, како и широк круг на надворешни консултанти, финансиски, сметководствени и правни специјалисти, универзитетски професори, академски научници, учесници во креирањето и промените на законите.

 

Идентитет

Ревикон Kонсалтинг СЕЕ ДООЕЛ, во приватна сопственост, основано 2013 година, со седиште во Скопје, Северна Македонија.
Ревикон ДОО, во приватна сопственост, основано 1997 година, со седиште во Сараево, БиХ.

Визија и Мисија

Прераснување во водечка консултантска фирма во Регионот, за финанисиски, инвестициски, сметководствен, даночен и корпоративен правен консалтинг.

Постојано и сигурно остварување на константно растечките очекувања на сегашните и идни клиенти.

 

 

Кредо

Слободно претприемништво засновано на закони, највисоки стручни и етички стандарди, праведен и чесен однос према клиентите, деловните партнери и вработените.

 

Стратегија и Ресурси

Остварување на постојан раст, унапредување на постојаните и креирање на нови услуги во склад со промените во деловното и социјалното окружување.

 

 

Професионалното јадро на постојано вработени, компонирано со спојување на енергијата на младоста и сигурноста на искуство, како и широк круг на надворешни консултанти, составен од финасиски, сметководствени и правни специјалисти, универзитетски професори, учесници во креирањето и промените на законите, високо мотивирани и професионално одговорни, организирани и потврдени во тимската работа.

Highlights

  • Професионални сметководствени услуги и даночно советување
  • Оптимизација на односот на побарувањата и обврските и подобрување на ликвидноста
  • Оптимизација на начинот и изворите на финансирање
  • Консалтинг при вложувања во земјата и Регионот, инвестициони проекти, специфични деловни анализи, проекти и препораки по барање на клиентите
  • Изработка на бонитетни извештаи, бизнис планови, feasibility студии, финансиски, маркетинг и даночни планови
  • Истражување на пазар и пазарни информации, консалтинг при воспоставувањето на контакти со деловните партнери во Регионот.
  • Толкување на прописи, консалтинг при склучување на договори и анекси кон договорите, планови и процедури на реорганизација
  • ЕУ Фондови – консалтинг и едукација во разбирањето на јавните политики и програми на ЕУ, во осмислувањето и подготовката на квалитетни проекти, во финансиското управување и процедурите на имплементација на проекти, следење и евалуација на истите, се до финалното известување.